До Собранието

Судот испрати барање за одземање на имунитетот на Вељаноски

Судот денеска го испратил барањето до Собранието за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, осомничен за организирање на настаните од 27 април, потврдија од судот.

Откако ќе го добијат барањето, треба да се закаже седница на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања, со која претседава Павле Богоевски и која што треба да донесе предлог-одлука за одземање на имунитетот на Вељаноски. По ова следува пленарна седница на Собранието, кое најдоцна во рок од три дена треба да одлучува за барањето на судот.  Одлуката за одземање на имунитетот се носи со просто мнозинство од вкупниот број на пратеници.

 

 

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе