Неизвесност околу лидерството на верска заедница

Судот има решение за промена на поглаварот на ИВЗ, тензиите продолжуваат

Пред зградата на Исламската верска заедница и натаму има полициски возила и голем број на верски службеници и верници кои се обидуваат да дознаат што се случува. Се очекува доаѓањето на актуелниот поглавар Сулејман Реџепи. Скендер Бузаку, според судот новиот поглавар, со печатите и своите приврзаници муфтии е во конакот од џамијата во Глумово и ја очекуваат разврската и спроведувањето на судското решение. Во Кондово се одржува состанок на највисокото тело на ИВЗ, Ријасетот.

Од раководството на ИВЗ велат дека само тие можат да го разрешат и именуваат поглаварот.

Во решението на Основниот суд Скопје II граѓански суд пишува дека во Службен весник треба да се запише промената на поглаварот на Исламската верска заедница.

Во известувањето до Службен весник судот бара во единствениот регистар на цркви, верски заедници и религиозни групи да се запише промената на функцијата реисул улема.

Според овој документ, нов реисул улема на Исламската верска заедница е лицето Скендер Бузаку од Скопје, Средно Коњари. Оваа одлука е од 17 април.

Од утре јас сум новиот поглавар на ИВЗ врз основа на судско решение и внатрешни акти, изјави вечерва Скендер Бузаку.

Скендер Бузаку

Тој вели дека ја инфомирал и финансиската полиција која треба да направи увид на досегашното работење на поглаварот Сулејман Реџепи во ИВЗ. Бузаку вели дека очекува мирно преземање на раководењето со ИВЗ и оцени дека сета постапка досега е направена во демократска атмосфера.

Веќе неколку години по ред работата на актуелниот поглавар на ИВЗ е пропратена со многу скандали и бројот на незадоволните верници од неговата работа само се зголемува.

А.Д.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе