Основен суд Скопје 1

Судијката во случајот „Труст“ пресече - нема одложување

По речиси два часа дебата во судница помеѓу СЈО и одбраната, судијката Лидија Трајковска пресече, судењето ќе стартува и нема ново одложување. Не се прифатија предлозите на одбраната за одложување на рочиштето и закажување на посебно рочиште

Одбраната бараше на ново рочиште да ги оспоруваат доказите, па потоа да почнат со воведните говори, а СЈО им ги донесе доказите во судница. Доказите им беа предадени на одбраната, а и СЈО ја доби листата на докази од одбраната.

Адвокатката на обвинетите Сања Алексиќ укажа на судот дека ги немаат сите докази, но судијката возврати, судењето ќе стартува.

Во тек се воведни говори на СЈО.

К.Д.

Уништувањето на шумите е една од најголемите еколошки катастрофи со кои се соочуваме, после загадениот воздух.

повеќе

Измените во законот за минимална плата е трул компромис меѓу социјал-демократите и бизнис-лобито во Владата.

повеќе

Македонската јавност е во исчекување од најавата на министерот Оливер Спасовски дека МВР ќе ги истражува сите агенции за обезбедување поради поврзаност со рекетарство.

повеќе