Случај „Труст“

Судијката ќе му суди на Кочан до крај на работното време

Два часа пауза даде судијката Лидија Трајковска-Зимбовска за Специјалното јавно обвинителство да може на одбраната да ѝ донесе по еден примерок од доказите за „Труст“ кои денеска ќе се презентираат во судница. 

СЈО најави дека има 80 страници докази кои се однесуваат на тендерската документација приложена на тендерот за јавна набавка врз основа на која е направена најповолната понуда, како и документи одземени од фирмата „Фиќо сервис“. Одбраната реагираше дека доказите се хаотични, не се нумерирани, и на тој начин нема да можат да се снајдат. На ова судијката возврати дека одбраната досега сигурно ги разгледала доказите, дека требало да се подготви за денешното рочиште, на кое и претходно им беше најавено дека ќе бидат презентирани. Бидејќи обвинителите од СЈО имаа само еден примерокод доказите во писмена форма, судијката даде пауза од два часа СЈО да обезбеди примерок за секој адвокат поединечно.

Судијката најави дека денес ќе го суди „Труст“ до крајот на работното време.

Во судницата денеска дојде и сведокот, управител на фирмата „Силекс неметали“ кој на минатото рочиште не одговараше на телефонските повици на СЈО.

К.Д.

 

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе

Mоменталната правна поставеност на урбанистичкото планирање не обезбедува соодветна судска заштита на граѓаните.

повеќе