Наместо утре, „Тенк“ продолжува во петок

Судијката Кацарска му даде еден слободен ден на Груевски од постапките на СЈО

Судијката Добрила Кацарска ги прифати молбите на Никола Груевски да нема утре рочиште за случајот „Тенк“ и му даде еден слободен ден за тој да се подготви за судењето за „Траекторија“ кое е закажано за во среда. 

Откако ги одби сите барања на одбраната во врска со СЈО, доказите и вештачењето, судијката Кацарска првично извести дека судењето ќе продолжи утре и дека веќе се испратени покани до сведоци. На ова регаираше адвокатот на Груевски, Димитар Дангов, кој трипати повтори и ја замоли судијката да му даде на Груевски еден ден за да се подготви за, како што рече, уште пообемен предмет.

„Би молел судија, значи повотрувам би молел, за да може да се подготвиме за ‘Траекторија’ да ни дадете разумно време од 24 часа и утре да нема рочиште за ‘Тенк’. Со полна почит кон вас, ве молам судија да не се држи утре рочиште. Се надевам дека ова ќе допре до вас“, рече адвокатот Данговски.

Специјалното јавно обвинителство се спротивстави на ваквото барање и го нарече обид за одолговлекување на постапката. По известувањето на судијката Кацарска судењето да продолжи утре, Груевски жестоко изреагира и побара збор за да ѝ постави две прашања на судијката.

„Не сум изненаден што судот ги одби сите предлози. Сите постапки на СЈО се политички постапки и не можам да разберам зошто одбивате и да не ми закажувате судење толку често. Сега се менува името и некому му е потребно наместо за тоа да се зборува за Груевски. Сакам да ве прашам две прашања. Прво, како можете да прифатите вештачење од лица без лиценца и второ, како дозволувате селективност, бидејќи дел од доказите ни беа дадени, а друг дел кои не се ПИ-мерки и вие тоа добро го знаете, не ни ги предавате. СЈО е друга страна, тоа го разбирам, ама не можам да ве разберам вас госпоѓо судијке“, ѝ се обрати Груевски на судијката Кацарска.

По ова Кацарска, на изненадување на сите присутни во судница, соопшти дека утре да нема рочиште за случајот „Тенк“, туку истотот ќе продолжи во петок.

Груевски ставот од судница за постапките на СЈО го повтори и пред медиумите.

Тој пред новинарите кажа дека СЈО на сила тера постапки и тие се спроведуваат под политички притисок. Исто така, додаде дека Зоран Заев и Никола Димитров го решаваат спорот за името и важно било да се оттргне вниманието и наместо за уништување на националните вредности, да се зборува за Груевски и Јанкулоска.

К.Д.

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе

Постојат повеќе административни и технички решенија против плагијаризам што се применуваат од издавачите и универзитетските менаџменти, а понекогаш и државните власти, како што е случајот во Македонија. 

повеќе

И не само тоа, туку квалитет на слободата. „Слободата нема никаква вредност ако во себе не ја вклучува слободата на грешките" - Махатма Ганди.

повеќе