Судија од Кривичен суд во Шутка разговарал со Јанакиески и Ристовски за вчерашниот инцидент

Судија од Основниот суд Скопје 1 денеска во КПУ „Скопје“ разговарал со обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кои вчера беа физички нападнати во затворот. Денеска состојбата во затворот е мирна, без нарушување на редот и мирот и сите активности на притворените лица се одвиваат непречено.

Обвинетиот Јанакиески пред судијата изјавил дека се здобил со повреди по што бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде му била укажана лекарска помош и му била дадена терапија.

„Притворените во установата не навеле други забелешки кои се во надлежност на судот, но и покрај тоа Основниот суд Скопје 1-Скопје ѝ препорачува на управата на установата да ги преземе сите мерки за расчистување на случајот и да направи ревизија на распоредите за прошетки на свеж воздух на притворените лица со што во иднина нема да овозможи лицата кои учествувале во вчерашниот инцидент повеќе да не се среќаваат во дворот на затворот“, се вели во соопштението од Основниот суд Скопје 1.

Од судот уште информираат дека ќе побараат од Управата за извршување на санкции да изврши анализа и да предложи други казнено-поправни установи кои имаат соодветни услови за одредени притвореници кои сметаат дека не се безбедни во затворот, да бидат префрлени во тие установи.

 

 

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе