Кривичен суд

Судење за „Монструм“: Се гледа снимката од заштитениот сведок Хаки Азири

Во судница во Кривичниот суд во моментов се гледа аудио и видеоснимка од испрашувањето на заштитениот сведок Хаки Азири од 7 мај 2012 година.

Претходно на прашања од обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи одговараше сведокот Ахмет Бекир, кој на минатото рочиште додека сведочеше за петкратното убиство кај Смилковско Езеро се онесвести.

Пред судот тој конфузно раскажуваше за денот на убиството. Рече дека ги видел момчињата попладнето и оти тие од него и од другарите побарале леб за ловење риба.

Тој рече дека кога си заминале околу 19 часот, ги виделе момчињата како лежат на стомак, но не застанале бидејќи се исплашиле. Раскажа дека сретнале човек со автоматска пушка, кој откако ги прашал како се викаат, им рекол да си одат за да не ги убие.

Бекир истакна дека не се сеќава добро на деталите, бидејќи тоа било пред повеќе од шест години, како и дека е неписмен и не ги разбира добро дел од прашањата на обвинителката Фетаи.

Пред судот денеска исказ даваше и сведокот Сашо Лазаревски, сосед на едно од убиените момчиња.

Тој рече дека два часа пред да бидат убиени момчињата бил по риба кај езерото, по што си заминал дома. Додаде дека бил со чамец во езерото и оти кога си одел накај дома, немало рибари.

На минатото рочиште беа сослушани тројца сведоци што на 12 април 2012 година рибареле на езерото.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, беше отворен предметот „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот сѐ уште се недостапни Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, по кои се распишани меѓународни потерници. 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе