ПРЕД СОБРАНИЕ

Суад Мисини со штрајк со глад бара итно да се реши проблемот со мигрантите

Барам итно да се реши проблемот со имигрантите сместени во прифатниот центар во Гази Баба, бара НВО активистот и аналитичар Суад Мисини кој денеска пред Собранието на Република Македонија во Скопје почна да штрајкува со глад.

Суад Мисини

„Барам итно и веднаш усвојување на измените на законот за азил, кои ќе им овозможат безбеден транзит или привремен престој на бегалците кои минуваат низ територијата на Македонија, како и слободна употреба на сите јавно достапни средства за транспорт. Барам конкретни и јавно објавени мерки од Министерството за внатрешни работи во насока на заштита на животот, сигурноста и имотот на бегалците, итно ослободување на сите бегалци и имигранти уапсени во центарот на Гази Баба и негово итно затворање. Штрајкот нема да заврши, освен ако не се исполнети овие барања“, напиша Мисини на својот Фејсбук профил.

Kога веќе треба да се држи комбинирана настава, колку и да е комплицирана таа „равенка“, во неа не смее да се забораваат децата кои учат онлајн.

повеќе

Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе