Дескоска со претставници на студентските и ученичките домови

Студентските домови должат пет милиони евра

Состојбите во студентските и ученичките домови, односно подобрување на исхраната и условите во студентските домовите, планот за намалување и санирање на долговите со кои се соочуваат и кои во овој момент изнесуваат околу пет милиони евра, се дел од темите за кои разговарала министерката за образование и наука Рената Дескоска со Дарио Николовски, директорот на Државниот студентски дом „Скопје“, како и со претставниците на студентските и ученичките домови во Македонија.

Фокусот, како што соопшти МОН, бил ставен на финансирањето на студентските и ученичките домови и можните решенија за надминување на проблемите. 

Дескоска ги задолжила присутните да изготват детална анализа со точно лоцирање на проблемите со кои се соочуваат студентските и ученичките домови, која ќе содржи и предлози за подобрување и подигнување на квалитетот на живот на студентите и на учениците.

На средбата Дескоска ги информирала за претстојните измени и дополнувања на Законот за студентскиот стандард и Законот за ученичкиот стандард, со кои се очекува да се подобри квалитетот на живот, а во кој е уредено сместувањето на студентите и учениците, исхраната, школарината и стипендиите, како и задоволување на работните, културните, информативните и спортско-рекреативните потреби на студентите и учениците.

Владите постојано ги повторуваат истите грешки. Тие го сметаат долгот како предност за долгорочен раст, наместо она што тој всушност е: тежок товар и извор на масивни долгорочни ризици.

повеќе

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе