Студенти ќе протестираат во Берлин, Париз и Брисел против дискриминација на Бугарите во Македонија

Наредниот период во три европски престолнини се планираат студентски протести против дискриминацијата на Бугарите во Македонија и тие ќе се одржат во Берлин, Париз и Брисел на 29 ноември, 6 декември и 16 декември, најавува претседателот на Иницијативниот комитет за заштита на човековите права, Живко Чакракчиев.

Во разговор за Бугарското национално радио, Чакрачиев објаснува со какви проблеми се соочувале Бугарите во Македонија и бара ЕУ да врши мониторинг на заштитата на човековите права во нашата земја.

„Имам многу пријатели во Македонија кои се срамат да зборуваат за проблемите, како што е слободното изразување на бугарскиот идентитет, на пример. Понекогаш има и драстични работи како на пример, забрана да се чита бугарски печат, да се слуша бугарска музика, па дури и да се контактира, да се зборува со роднини од Бугарија. Неодамна беше уапсен човек кој си пуштил да слуша бугарска песна“, вели Чакракчиев.

Во кусиот разговор тој објаснува дека кога се зборува за членство на Македонија во ЕУ, од европските колеги бараат да обрнат поголемо внимание на она што се случува во земјава и да се наложи мониторинг на заштитата на човековите права, зашто она што се случувало сега кај нас „не било за во ЕУ“.

Чакракчиев кој за себе вели дека е Бугарин и патриот, оценува дека бугарските интелектуалци и политичари „многу добро работат во правец на добри односи со соседната земја“, но од различни причини, од политичка гледна точка, досега нема резултат.

„Како претставници на младите и на патриотите сакаме да се знае дека не нѐ интересира што се случило во историјата, која е важна и секој треба да си ја знае историјата и корените, но ако почнеме да се караме за тоа, нема да постигнеме ништо. Северна Македонија еден ден треба да стане членка на ЕУ, но тоа да се случи само на европски начин. Нека се наложи мониторинг на човековите права и секој во Северна Македонија кој не се согласува со слободното суштествување на Бугарите да разбере дека тоа не може да биде така“, додава Чакракчиев за БНР.  

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе