Протест пред Собранието

Стотина граѓански организации побараа итно усвојување на законот за спречување на дискриминација

Итно изгласување на законот за заштита и спречување на дискриминација на денешната собраниска седница побараа на протест пред Собранието претставници на граѓански организации, здруженија и платформи.

„Законот повеќе од осум месеци е заглавен во Собранието и покрај јавното ветување од СДСМ дека ќе се донесе во најкус рок. На последната седница претседателот на Собранието без никакво образложение го тргнал законот од дневен ред. Со ова Собранието уште еднаш потврди дека граѓаните не им се приоритет“, рече Елена Петровска од Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Затоа, како што рече, ги повикуваат пратениците од најголемите политички партии од мнозинството – СДСМ и ДУИ итно да го донесат законот на денешната седница, а ја осудуваат реториката која во врска со законот ја користат нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ.

Учесниците на денешниот протест сметаат дека со новиот закон што треба да биде изгласан ќе се надминат постојните недостатоци во претходниот закон, кои излегле на површина со неговото спроведување, и тоа во делот на воведување пократки рокови на постапката за заштита од дискриминација, зајакнување на независноста на Комисијата за заштита од дискриминација и овозможување неформални групи да поднесат претставка во име на граѓаните.

„Шовинисти не можат да штитат од дискриминација”, „Амнестија-неветено остварено, недискриминација-ветено неостварено”, „Стојте си на зборот, усвојте го законот”, „Бидете пратеници за сите граѓани”, „Усвојте го законот и започнете со спроведување”, беа дел од пораките што преку транспаренти учесниците на протестот ги упатија до пратениците.

Протестот го поддржаа седум мрежи на граѓански организации и 92 здруженија и фондации што ги застапуваат правата на разни групи граѓани што се соочуваат со дискриминација, како здруженија на Роми, жени, луѓе со попреченост, ЛГБТИ, сиромашни и социјално исклучени граѓани, здруженија на разни групи пациенти, сексуални работници, луѓе што живеат со ХИВ, луѓе што употребуваат дроги, младински организации, мултикултурни здруженија, здруженија што работат на ЕУ-интеграција и се застапуваат за демократизација на општеството во повеќе области.

 

 

 

 

 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе