Стотици автомобили заглавени на Богородица за влез во Грција (ФОТО)

Колони од стотици автомобили од Македонија и Србија, заглавени на Богородица, чекајќи влез во Грција. Ваквата е сликата на граничниот премин по најавата од Грција дека денеска се отвора границата за сите граѓани, кои се вакцинирани за ковид-19, имаат негативен ПЦР-тест или тест за антитела.

Според неофицијалните информации грчката полиција не ги пропушта возила бидејќи не добиле известување од грчките власти.

Премиерот Зоран Заев синоќа објави дека денес Грција ќе го отвори граничниот премин Евзони за влез на наши граѓани. 

„Имавме одлична работна средба со премиерот на Грција Мицотакис. Ме извести дека почнувајќи од утре, 14 мај 2021, се отвора граничниот премин Евзони за сите граѓани на Северна Македонија што имаат негативен ПЦР-тест, писмен доказ за примени две дози вакцина против ковид-19 или позитивен резултат за антитела“, напиша Заев на Фејсбук. 

Според здравствените протоколи што ги усвои Грција, објавени на веб страницата на грчкото Министерство за надворешни работи, на граница ќе се признаваат и сертификатите за вакцинирање со руските и кинеските вакцини, кои сè уште не се одобрени за користење во Европска Унија. Грчките туристички власти објавија дека негативен ПЦР тест нема да се бара од туристите кои се имунизирани со вакцина на „Фајзер/Бионтек“, „Модерна“, „АстраЗенека“, „Новавакс“, „Џонсон и Џонсон“, „Синовак“, „Кансино бајолоџикс“, „Синофарм“ или „Спутник“ .


Под менторство на овој истраен истражувач, научник и педагог, се развивале и се формирале многумина трудбеници и афирматори на македонското културно наследство.

повеќе

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе