Самит на Алијансата

Столтенберг: Вратите на НАТО се отворени, доказ за тоа е членството на Северна Македонија и Црна Гора

Западниот Балкан е од голема важност за Алијансата, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред почетокот на денешниот Самит на НАТО, осврнувајќи се на клучните теми кои ќе бидат на маса на лидерите на земјите членки.

Ова прв Самит со учество на Македонија како полноправна членка на Алијансата, но прв и за новиот американски претседател, Џо Бајден. Македонската делегација ја предводи премиерот Зоран Заев, а во неа се и министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Бујар Османи.

„Имаме нови земји членки од тој регион во последните неколку години. Со тоа докажавме дека вратата на НАТО е отворена. Северна Македонија и Црна Гора се нови земји членки, но имаме и партнери во другите земји од регионот и уште го имаме КФОР во Косово, присутни сме и продолжуваме да помагаме да го стабилизираме регионот“, вели Столтенберг во интервју посветено на иднината на НАТО во наредните 10 години.

Како што јавува МИА од Брисел, очекувано, се осврна на главната тема од Самитот, а тоа се буџетските прашања и барањето на Алијансата земјите членки да го зголемат својот придонес не само во Буџетот за одбраната, туку и во придонесот во самата Северноатлантска организација за да се помогне нејзиното модернизирање.

Столтенберг очекува успешни дискусии со лидерите за развој на нови технологии за 30-те земји членки да успеат да одговорат ефикасно на „новите безбедносни предизвици“, вклучително и оние кои произлегуваат од климатските промени.

„Најважно е што очекувам лидерите да се усогласат за низа конкретни мерки за зајакнување на НАТО, на технологијата, отпорноста, колективната одбрана, климатските промени, но и како да ги обучуваме партнерите и да им помогнеме да се стабилизираат, на добар пат сме, седум години поред се зголемуваат расходите за одбраната, но треба да сториме повеќе, треба да одговориме на високиот степен на амбиција со зголемени инвестиции во буџетот на НАТО, вклучително и преку додавање дополнителни фондови за низа активности“, рече Столтенберг.

Алијансата, како што потсети тој, има три клучни буџети: цивилен, воен и инфраструктурен, и се надева дека на денешниот Самит лидерите ќе успеат да се договорат за зголемување на трошоците за овие области.

 

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе