Столтенберг во Стајковци: Во НАТО сме подготвени да ве прифатиме како членка, а вие одлучувате како ќе гласате на референдумот

За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30-та земја-членка, порача денеска генералниот секретар Јенс Столтенберг за време на посетата на скопското село Стајковци, кое беше зафатено од поплавите пред две години.

Столтенберг потсети дека на самитот на Алијансата во јули сите земји-членки се согласиле Македонија да стане членка и да почне разговори за пристапување.

„Ако го имплементирате договорот за името, ќе станете земја-членка на НАТО. Искрено се надевам дека следниот пат кога ќе дојдам тука, ќе посетам земја-членка на Алијансата“, рече Столтенберг.

Обраќајќи се пред присутни со „Добар ден“, генералниот секретар на Алијансата рече оти е среќен што го посетува Стајковци и говореше за помошта што војниците на НАТО ја пружиле на граѓаните пред две години за време на поплавите, додавајќи дека Алијансата ќе продолжи да биде тука да пружа помош кога е потребно.

- НАТО е воена алијанса, но и повеќе од тоа. Тука сме да помогнеме да ги направиме луѓето безбедни“, додаде Столтенберг.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, по средбата со Столтенберг, изјави дека НАТО отсекогаш бил партнер на Македонија и оти е сигурен дека земјата ќе стане 30-та членка на НАТО.

Му се заблагодари на генералниот секретар за она што претставувало нивна несебична и професионална помош за време на поплавите пред две години, во моменти кога на граѓаните им било најтешко.

 

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе