Столтенберг и Заев: Придобивките од членството во НАТО веќе се гледаат

Интеграцијата на Македонија во НАТО е во фокусот на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет со Комитетот за интеграција на земјава во Алијансата, што се одржува во Скопје.

„Наскоро 30. членка на НАТО, Република Северна Македонија денеска тука е домаќин на 29-те сојузници“, порача денеска на почетокот на состанокот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој претседава со Советот.

Во своето кусо обраќање на почетокот на состанокот на главното тело на НАТО задолжено за политички одлуки, Столтенберг повтори дека Скопје и Атина покажале историска одлучност и успеале да го решат неколкудеценискиот спор, постигнувајќи го Договорот од Преспа.

„Тоа покажува дека промената е можна и оти храброста се исплати. Благодарение на големите напори на одредени личности, а некои од нив денеска се тука, вие градите подобра иднина за вашата земја, придонесувајќи за регионалната и трансатлантската безбедност и обезбедувајќи натамошен просперитет“, рече генералниот секретар на НАТО.

Членството во НАТО е важно за Северна Македонија, но, како што рече тој, тоа е важно и за регионот и за целата Алијанса. Според Столтенберг, уште отсега се гледаат придобивките од интегрирањето на една земја во НАТО, со оглед на тоа што странските инвестиции во земјава се зголемиле по добивањето на поканата.

„Тоа покажува колку всушнот безбедноста води кон просперитет“, додаде генералниот секретар на НАТО на почетокот на состанокот, кој по неговото и обраќањето на премиерот Зоран Заев ќе се одвива зад затворени врати.

Одржувањето на денешниот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО во Скопје, според премиерот Заев, е најсилната политичка потврда за нашето извесно полноправно членство во Алијансата. Ова, како што рече, е реализација на напорите и на стремежите на сите генерации политичари од различни политички партии и на сите граѓани од нашата земја од независноста до денес.

„Членството во НАТО за нас значи мир и стабилност и е најсилна гаранција за нашата безбедност. Веруваме дека тоа ќе донесе подобар живот за нашите граѓани, како на политички, така и на економски план“, рече Заев.

Тој додаде дека резултатите се веќе видливи, откако е добиена поканата за членство во Алијансата. Бруто домашниот производ пораснал за 5,5 проценти, невработеноста е намалена за 7,5 проценти, индустријата бележи пораст од 8,8 проценти, а платите пораснале за 6,1 процент.  Странските инвестиции, според Заев, постигнале нов рекорд во државата од 625 милиони евра или трипати поголем од просекот во последните осум години, а двојно поголем од најдобрата година досега.

„Секогаш постоел широк натпартиски и меѓуетнички консензус за нашето членство во НАТО. Тоа беше една од нашите идеи и водилки и кога ни беше најтешко. Тоа ни беше мотивација за да се соочиме со тешката безбедносна криза во 2001 година и со тешката политичка криза пред само две години и сите кризи да ги поминеме по мирен пат, на демократски начин и пат на дијалог“, кажа Заев.

Според него, „успеваме да ја обновиме нашата демократија, да ја ослободиме заробената држава и да ги вратиме демократските начела кои се темелот на НАТО како што се владеењето на правото, професионалните и независни институции и слободни медуми“.

Во однос на решавањето на отворените прашања со Грција и Договорот со Бугарија, Заев потенцира дека нашата земја придонесува да се промени политичката динамика во целиот регион.

Зајав уште најави дека земјава е подготвена до 2024 година да го постигне стандардот од два проценти од БДП за одбраната, со зголемување секоја година за 0,2 проценти, како и дека ќе се зголеми учеството во мировните мисии во НАТО и во фондовите кои помагаат во зачувување на мирот и демократијата во земјите како во Ирак и Авганистан.

Ова е прва посета на Столтенеберг и високи претставници на НАТО на земјава по потпишувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата, што досега го ратификуваа 13 од 29-те земји членки. По ратификацијата од страна на сите сојузници, земјава и официјално ќе стане 30-та полноправна членка на НАТО.

Северноатлантскиот совет е главно политичко тело кое ги носи одлуките во НАТО. Советот ги надгледуваа политичките и воените процеси во врска со безбедносните прашања што влијаат на целата Алијанса. Го сочинуваат претставници на сите земји членки, а претседавач е генералниот секретар.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе