Со специјален авион

Столтенберг пристигна во Скопје

Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, слета на Меѓународниот аеродром Скопје, а за околу еден час се очекува да слета и вториот авион, во кој се амбасадорите на земјите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.

На аеродромот беа пречекани од висока владина делегација, по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија, каде што ќе се одржи свечен прием во нивна чест.

Утре на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг. Тој во Владата ќе има и средба во четири очи со премиерот Зоран Заев, по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Граѓаните и општата јавност исто така се важен штит за укажувачите.

повеќе

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе