Од Романија

Столтенберг: Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот, по што Скопје ќе учествува на два НАТО-состаноци како гостин

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека наскоро ќе биде потпишан протоколот за пристап на Македонија во Северноатлантската алијанса.

„Разговаравме и за континуираната посветеност кон политиката на отворени врати. Сакам да им честитам и на Скопје и на Атина и да ги пофалам премиерот Ципрас и премиерот Заев за нивната храброст и силно лидерство, успевајќи спорот за името да го остават во минатото“, рече шефот на НАТО.

„Очекувам сите 29 сојузници да го потпишат протоколот за пристапување, по што Скопје ќе учествува на два состаноци на НАТО како гостин. Откако сите 29 сојузници ќе го ратификуваат протоколот, ќе ја поздравиме Република Северна Македонија како 30-ти член на НАТО“, рече Столтенберг на заедничката конференција со романскиот претседател Клаус Јоханис денеска во Романија, по состанокот на европските министри за одбрана во Букурешт.

Тој истакна дека пристапот на Македонија во Северноатлантската алијанса ќе ги зајакне мирот и стабилноста во регионот и во Европа.

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе