Столтенберг очекува Македонија да стане членка на НАТО на почетокот на следната година

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на прес конференција во Брисел рече дека не очекува процесот на ратификација на членството на Северна Македонија во Алијансата сите сојузници да го завршат до почетокот на декември.

„Но очекувам процесот да биде завршен во почетокот на следната година и тогаш Северна Македонија да стане членка. Тие ќе бидат на масата, Северна Македонија ќе го следи состанокот во Лондон. Северна Македонија е многу блиску до полноправно членство и тие веќе учествуваат на состаноците на НАТО, вклучително и на лидерскиот состанок во декември во Лондон“, рече Столтенберг.
Тој денеска во Брисел одржа прес конференција пред министерскиот состанок на 29 земји-членки.
Франција и Шпанија досега го немаат ратификува протоколот за зачленување на земјава во НАТО. Според најавите, Париз тоа ќе го стори неделава, а очекувањата се дека владата во Мадрид ќе се формира во почетокот на идната година по што и таа земја ќе го ратификува протоколот. За земјава да стане членка документот треба да биде усвоен и во македонскиот Парламент.

 

 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе