Столтенберг: Нема НАТО без промена на името

Генералниот секреатер на НАТО Јенс Столтенберг јасно стави на знаење дека само со промена името може Македонија да влезе во Алијансата.

„На луѓето во Македонија е да одлучат, ова е прилика што доаѓа еднаш во животот или ќе го поддржат договорот и ќе станат членки, или нема да го поддржат и нема да станат членки, не може двете работи да ги добијат. Нема зачленување без промена на името, на народот е да одлучи“, истакна Столтенберг денеска на прес-конференцијата по првиот ден од Самитот на НАТО во Брисел.

„Го поздравувам Договорот со Грција, јасно кажавме дека ќе започнеме пристапни преговори и рековме дека еднаш откако ќе се финализираат процедурите ќе може ПЈРМ да стане 30-та членка со новото име“, рече тој одговарајќи на новинарско прашање.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе