Столтенберг: Најдобар одговор против лажните вести е конкретната помош од НАТО

По денешниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, се осврна на проблемот со лажните вести кои циркулираат посебно на Балканот во врска со коронавирусот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Столтенберг пренесе дел од излагањето на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, која учествуваше на денешниот виртуелен министерски состанок, токму во контекст на борбата против дезинформациите.

„Земјите од западниот Балкан добија поддршка од земјите сојузнички на НАТО, посебно Северна Македонија, за чија министерка ова беше прв министерски состанок за одбрана како полноправна членка и министерката Шекеринска наброја колку земји сојузнички на НАТО и дале конкретна поддршка, како Холандија, САД, Чешка, Норвешка и други“, изјави генералниот секретар на НАТО.

Тој посочи дека земјите сојузнички на НАТО во регионот се мета на дезинформации од странски извори пред сѐ во однос на тоа колкава помош примаат од Алијансата, но и од ЕУ.

Столтенберг порача дека на тој вид пропаганда најдобро е да се одговори со конкретни дела на поддршка, наместо со реторика.

Тој потсети дека токму на Северна Македонија и се обезбедени, меѓу другото, медицинска опрема, полски болници  финансиска поддршка за борба против пандемијата на Ковид-19.

„Како земји сојузнички на НАТО најдобриот обид да се одговори на дезинформациите е преку конкретна поддршка, со нашето делување испраќаме јасна порака дека обезбедуваме поддршка за сојузниците“, рече генералниот секретар на Алијансата.

Тој најави дека со врховниот командант генерал Волтерс се разговара и за дополнително зголемување на поддршката и за Северна Македонија и за другите земји членки на НАТО во регионот. 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе