Генералниот секретар

Столтенберг: Идните членки на НАТО како Северна Македонија мора да имаат безбедни комуникации

Државите што се приклучуваат кон НАТО, како Северна Македонија, мора да имаат безбеден начин на комуникација, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг во интервју за Гласот на Америка.

„Постојат стандарди што мора да се исполнат кога е во прашање цивилната инфраструктура и телекомуникација, како што е 5Г. Тоа се однесува и на новите идни членки, како Северна Македонија. Овие стандарди не се однесуваат на земјите што не се членки, но ние можеме да ги замолиме или да ги советуваме тоа да го направат“, изјави Столтенберг во однос на можното влијание на други глобални сили во регионот и безбедносните предизвици со кои се соочува НАТО.

За разлика од порано кога најголема опасност беше само некогашниот СССР, Столтенберг вели дека сега заканите се од повеќе страни – сајбер напади, анексии,… и не може да се предвидат.

„Затоа е важно НАТО да остане спремен и агилен за да може соодветно да реагира на каква било нова криза“, истакнува генералниот секретар на Алијансата.

На прашањето зошто НАТО ја продолжува политиката на „отворена врата“ за малите држави, кои не се воено и безбедносно силни, Столтенберг вели: „Кога соседите се стабилни, и ние сме безбедни, а кога тие ќе се приклучат кон НАТО, тогаш ќе станеме уште побезбедни“.

„Еден од најголемите успеси на НАТО е фактот што со скорашното приклучување на Северна Македонија, од почетните 12, ќе станеме сојуз од 30 земји. Многу од нив се членки на ЕУ. Сето тоа значи дека стотини милиони луѓе веќе им се придружија на демократијата и економскиот просперитет. Со тоа Европа станува пообединета и помирна од кога и да било претходно“, изјави Јенс Столтенберг.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе