Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет пристигнаа во официјална посета на земјата

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и делегација на Владата на Република Северна Македонија, денеска на Меѓународниот аеродром Скопје, го пречекаа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и амбасадорите на земјите членки на Алијансата, членови на Северноатлантскиот совет кој утре во нашата земја ќе го одржи својот редовен состанок со теми од програмата за работа на советот.

Во рамките на својата агенда, генералниот секретар на НАТО Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот Совет, вечерва ќе бидат примени од Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Официјалниот дел од посетата на делегацијата на највисоките тела на НАТО започнува утре со церемонијата на официјалниот пречек на платото на Владата на РСМ, по што ќе следува билатерална средба на делегациите предводени од премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО Столтенберг, со амбасадорите на Северноатлантскиот Совет и министрите во Владата.

Со работниот дел на Северноатлантскиот Совет со Комитетот за интеграција на Република Северна Македонија во НАТО и претставници на Влада, што ќе се ќе се одржи потоа, ќе претседаваат премиерот Заев и генералниот секретар Столтенберг, по што ќе следува и нивната заедничка прес-конференција.

Во текот на утрешниот ден, Столтенберг и амбасадорите на Северноатлантскиот совет ќе бидат примени и од претседателот Стево Пендаровски.

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе