Од македонското Министерство за надворешни работи информираат дека Столтенберг испратил возвратно писмо до Димитров со кое го потврдува приемот на писмото на Димитров од 21 јануари во кое од македонска страна е изразена подготвеноста и способноста на државата да ги прифати и почитува обврските и заложбите за членство на Република Македонија во НАТО, содржани во Вашингтонскиот договор и Студијата за проширување на НАТО од 1995 година, формално изразувајќи интерес за добивање покана за пристапување кон НАТО.
„Со потпишувањето на Пристапниот протокол започнува следната фаза од пристапниот процес, по што следи ратификација на Протоколот во националните парламенти на земјите членки на Алијансата“, информираат од МНР.