ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Заев, времето ти измина, не создавај дополнителни проблеми

Зоран Заев и неговите лаги се срам и од ден на ден нанесуваат се поголема штета на Република Македонија. Зоран Заев наместо да работи на реформи, на економијата, на реформи во судството, безбедносниот систем, на борбата со корупција и справување со корупцијата во власта, во системот, тој и натаму е убеден и натаму лаже дека неговото прифаќање на грчкиот ултиматум против македонската посебност, култура, историја и идентитет преточени во Преспанскиот договор со години ќе го фалат и нема потреба ништо повеќе да преземе и да сработи, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Грчкото негирање, да беше огромен проблем и за тоа неколку пати поставуваше блокади на македонските евроатлански интеграции, но сега се проблем немањето реформи, неработењето на власта, корупцијата и економскиот колапс! Зоран Заев го обвинува Берлин дека Меркел не давала датум за преговори! Замислете Меркел не застанала спроти економскиот систем на Германија, на германските стопанственици, на оние кои што ја држат европската економија, кои што дадоа и оценија нула на перформансите на Заевата влада! Замислете Меркел не сакала да даде датум и со тоа да им порача на другите држави аспиранти за членството во ЕУ терајте вие во криминогеност, во корупција, во скандали со распределба на државниот буџет, во даночна евазија, во партизација на администрацијата, а ние ќе ви дадеме датум! Тоа би значело давање датум на ваква власт на Зоран Заев. За жал на македонските граѓани повторно изгубија уште една година со Зоран Заев. Зоране Заев, времето ти измина, не создавај дополнителни проблеми на Република Македонија! Замини си, не ја одземај иднината на граѓаните, престани со лагите и обвинувањата на други“ изјави Стоилковски.

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе