„Демократија? Еве ова ви е демократија во Бугарија, против Македонците. Наместо да ги информираат подносителите на барањето, Македонското меѓународно движење за човекови права, основачи на Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“, општинарите на Благоевград шират вести низ медиумите. Така Македонците во Бугарија преку македонските медиуми дознаваат дека Општина Благоевград е против клубот и против „македонизмот“. Луѓе во општината кои, ако самите не се Македонци, тогаш секако имаат роднини и пријатели кои се со македонски идентитет и самосвест, од страв или злоба излегуваат со такви апсурдни ставови против еден културен клуб. За нив провокација е клуб кој носи обединувачко и смирувачко име на голем поет. За Бугарија провокација е вистината дека во неа живее и македонски народ. Жална работа“, напиша Стојков на својот фејсбук-профил.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 87НОВИ / 24h
- 1 од 15
- следно ›
- Контакт