Реакција

Стојков: Провокација се искажувањата на Петков, а не средбата на ОМО Илинден Пирин со Пендаровски

Изјавата на Петков не е изненадување. Тој ѝ се придружи на срамната тодорживковска традиција на дискриминација и прогонување на македонското малцинство во Бугарија, вели во изјавата за МКД.мк Стојко Стојков, копретседателот на ОМО Илинден Пирин, одговарајќи на денешните тврдења на новиот бугарски премиер Кирил Петков кој денеска реферираше пред бугарското Народно собрание за македонско-бугарскиот дијалог.

Стојко Стојков

„Срамно е за премиер на европска земја осудена 14 пати за кршење правата на Македонците да одбива дури и да разговара. Уште подволично е да велиш дека не е доволно бугарското малцинство да влезе во Уставот на Македонија, а од друга да одбиваш дури и да зборуваш за правата на македонското малцинство во Бугарија. Провокација се неговите искажувања, а не средбата на ОМО Илинден-Пирин со македонскиот претседател, а бугарската политика против македонското малцинство е провокација против европскиот вредносен систем како цело“, вели Стојков.

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска пред бугарските пратеници уште еднаш повтори дека не постои македонско малцинство во Бугарија и нема да дозволи на таа тема да се разговара. Според него, ОМО Илинден е провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски.

Претставници на македонските здруженија во Бугарија, меѓу кои и на ОМО Илинден – Пирин, денеска во Скопје се сретнаа во Скопје со македонскиот претседател Стево Пендаровски. Петков пред бугарските пратеници кажа дека неговата влада нема да ја отвора вратата за македонско малцинство.

„Теми за македонско малцинство се апсолутно недопустливи. Нема да ни да дискутирам за тоа“, кажа Петков. Во излагањето пред пратениците, Петков зборуваше за некаква си дискриминација на македонски граѓани со бугарско самосознание и за наводен говор на омраза кон Бугарија.

„Важно е бугарското малцинство во Северна Македонија да биде признато со промени во уставот, но тоа нема да се доволно. Поважно е за време на преговорите за членство во ЕУ секоја појава на говор на омразата или дискриминација да биде ликвидирана“, рече Петков.

 А.Д.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе