„Поднесовме амандмани кои се однесуваат на здравствената криза предизвикана од ковид-19 за која сме рекордери во црните статистики и негативен пример, како во Европа, така и пошироко. Поднесовме амандмани за бесплатни ПЦР тестови за сите граѓани, како и дополнителни мерки и помош за здравствените работници, но и за градежни зафати за изградба на нови и реновирање на веќе постоечки инфективни одделенија ширум болниците", рече Стојановски.
Тој додаде дека се поднесени и амандмани за набавка на компјутери за сите ученици и за сите наставници и професори, како и за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во зимските месеци.
„Од друга страна, и покрај овие моментално најголеми и најактуелни проблеми со кои се соочуваме сите граѓани во Република Македонија, ние како пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, исто така поднесовме голем број на амандани кои се поврзани и се однесуваат на локалните проблеми и барања на граѓаните односно проблеми со кои граѓаните секојдневно се соочуваат. Тука спаѓаат водоводни и канализациони мрежи, локални и регионални патишта, нови градинки, старечки домови и други проекти кои им се неопходни на граѓаните во секојдневното живеење", рече Стојановски и апелира власта да ги прифати амандманите, зашто според него, предложениот Буџет е лош за граѓаните, за фирмите, за странските инвеститори, за здравствените работници, за образованието, за земјоделците, за пензионерите и за младите.