Реакција

Стојаноска: Неспособноста на Филипче не смее да се плаќа со човечки животи. Оставка веднаш!

Здравјето на граѓаните поради неспособноста на владата и министерот Филипче е доведено во прашање. Се доведовме во ситуација неспособноста на Филипче да се плаќа со животите на граѓаните. Оние кои треба да ги заштитат граѓаните од ширење на корона вирусот се главен извозник на корона. Ова може да биде почеток на целосен колапс на здравствениот систем, се вели во изјавата на Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ако падне Клинички центар „Мајка Тереза“, паѓа целиот здравствен систем. Граѓаните ќе останат без заштита. Жариштето се шири. Освен Клиниката за кожни болести, под надзор е и Клиниката за стоматологија, каде се проверуваат вработените поради јавен случај за кој постои сомневање дека е заболен од корона вирусот. Во јавноста има информации  дека Филипче знаел една недела за овој случај и не преземал никакви мерки.

Недозволиво е директор на клиника една недела да биде на своето работно место, да има контакт и со пациенти и со вработени на државната болница, а лицето да е заразено со корона вирус. Директорката Нина Цаца Биљановска, според сведочењата на нејзините колеги, наместо сама да се пријави и да биде тестирана, таа како директор на Клиниката за кожни болести се заканувала до своите колеги со откази доколку некои и проговори за овој случај.

Замислете не само што не ги почитувала препораките на здравствените организации, туку и се заканувала на медицинскиот персонал. Самата директорка викендов била и на симпозиум со стотина доктори во еден скопски ресторан. Дали е точно дека на овој симпозиум имало и доктори од други земји? Илјадници луѓе директно и индиректно во овие неколку дена биле во контакт со директорката, што доктори, што медицински персонал, што пациенти.

Неспособноста станува опасна за граѓаните.

Бараме веднаш неотповиклива оставка да си поднесе најодговорниот за овој случај министерот, Венко Филипче, пуленот на Зоран Заев. Оставка веднаш. Бараме кривична одговорност за директорката на Клиниката за кожни болести Нина Цаца Биљановска според член 205 и 206, каде што во членот 206  став 1 гласи: Тој што за време на епидемија на некоја опасна болест не постапи според прописите или наредбите со кои се определуваат мерки за нејзиното сузбивање или спречување, ќе се казни со парична казна или со казна затвор од една година.

Неажурноста и неподготвеноста на институциите доведоа да биде загрозено здравјето на граѓаните. За ова мора да има санкции веднаш. Со право се поставува прашањето дали епидемијата во меѓувреме  зафатила и други вработени во други клинички центри? Колку од вработените кои биле во контакт со директорката денес се тестирани?

Бараме сите вработени во клиничкиот центар да бидат смирени, но пред се одговорни и секоја манифестација на симптоми да се провери. Здравјето на граѓаните е пред се“, изјави Стојановска.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе