Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ: Да се укине имунитетот на Адеми за да одговара за насилството во Собранието

ВМРО-ДПМНЕ го повика Јавното обвинителство да реагира, а истовремено да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и тој да одговара за насилството во законодавниот дом.

„Вчера бевме сведоци на уште едно самоволие и насилство на владејачкото мнозинство во Собранието. Вчера на Комисијата за европски прашања пратеникот и претседател на комисијата Арбер Адеми дивееше, кршеше инвентар и фрлаше предмети по пратеници.

Очигледно нервозата во ДУИ и СДСМ расте и ја губат контролата. Несанкционирањето на примитивизмот на Талат Џафери, кој пцуеше службеници во Собранието и заклучуваше пратеници во пленарна сала, е причина таквото недемократско поведение да продолжи да се манифестира од други членови од мнозинството.

Јавноста виде дека вчера на Комисијата спротивно на Деловникот, Арбер Адеми се обиде да заклучи дневен ред иако имаше пријавено пратеници кои истиот сакаа да го надополнат. Тој ги оневозможи пратениците Снопче, Азири, Стојановска, Милошоски, Петрушевски да го искористат деловничкото право да предложат други точки, пред истиот да биде усвоен.  Кога беше спречен од колегите пратеници тој се изгуби тотално почна да навредува, да влече и удира, да уништува инвертар, па дури и намерно да фрла цврсти предмети од кои еден го погоди колегата Азири директно во главата“, изјави денеска Дафина Стојаноска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ.

Според неа, основата за ова насилство е носење на закон за „противправно продолжување на мандатот на Кацарска судиите и Русковска обвинителите кое владејачкото мнозинство се обидува шверцерски да го протурка“.

„Ова веќе ги преминува сите граници, ова веќе е класичен пример за кривично дело. Повикуваме Јавното обвинителство да реагира, а во исто време бараме да се симне имунитетот на пратеникот Арбер Адеми и да одговара за насилството во законодавниот дом. Очекуваме и пратениците од коалицијата на СДСМ и Димитар Ковачевски да излезат од скутот на ДУИ и еднаш барем да се охрабрат и да санкционираат вакво однесување, бидејќи гледаме дека кога едно самоволие и насилство не се санкционира, тогаш уште поголемо се повторува“, додаде Стојаноска.

 

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе