Предвремени парламентарни избори

Стојаноска на средби со бранителите: Tаа жртва треба да се цени и никогаш да не се заборави

Носителката на кандидатската листа на пратеници од коалицијата „Обнова за Македонија”, предводена од ВМРО ДПМНЕ за ИЕ 6, Дафина Стојаноска доцна попладнето и вечерта одржа повеќе средби со групи на граѓани во Тетово.

Таа ја потенцираше средбата со бранителите и нивната храброст за зачувување на слободата, но и потребата да се слушнат нивните проблеми.

„Тоа беше доста емотивна средба, не потсети на скршеното достоинство, а воедно за жртвата за слободата на Македонија. За среќа, денес присутните, сведочеа за оние кои навистина ги подариле животите за денешната слободна Македонија и затоа треба таа жртва треба да се цени и никогаш да не се заборави и да се помогне на овие луѓе кои се тргнати настрана и на маргините на општеството, а дале своја жртва за многу битни моменти од македонската историја. Таа жртва денес ни дава да уживаме во слободата на Македонија за која што можеби не сме свесни, колку повеќе треба да ја цениме, затоа што за неа некој го дал животот.  Ова се луѓе борци не случајно се викаат бранители на татковината кои имале храброст и сила и се надеваат дека Македонија ќе ја видат исправена и секкако нивниот проблем треба да се стави на дневен ред“, посочи Стојаноска.

Во текот на денот Стојаноска заедно со кандидатот за пратеник од Тетово, Александар Велјановски одржа средби со спортски работници претставници на фудбалските клубови Тетекс и Љуботен, кошаркарскиот клуб Тетекс, а потоа со просветни работници.

„Поминавме и во двете населби Поток и Два бреста каде се придржија министерот Наќе Чулев и заменик министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, за да разговараме за повеќе проблеми со кои се соочуваат жителите“, истакна Стојаноска

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе