Достоинство

Стојанче Ангелов си оди од МВР, повторно се враќа во политиката

Стојанче Ангелов ќе го напушти работното место во МВР за да се врати во својата партија Достоинство. Вели дека во овој пресвртен момент за Македонија, чувствува обврска политички да се реактивира. За својата одлука Ангелов се огласи на својот Фејсбук профил.

„Како претседател во оставка на политичката партија ДОСТОИНСТВО, во овој исклучително значаен, чувствителен и пресвртен момент за нашата татковина, момент од кој зависи нејзината иднина како единствена држава на Македонците и на сите останати нејзини граѓани, држава за која се борев, држава за која крварев, држава за која сеуште се борам, овојпат со политички средства и методи, чувствувам обврска за мое политичко реактивирање. Бидејки Законот за полиција им забранува на полициските службници да раководат со политичка партија, во договор со раководството на ДОСТОИНСТВО одлучив да излезам надвор од МВР и мојата професионална кариера да ја продолжам на друго работно место кое нема да биде во судир со мојот планиран политички ангажман. Му благодарам на министерот Оливер Спасовски за укажаната доверба и соработка во изминатата една година“, напиша Ангелов на својот Фејсбук профил.

Тој најави дека наесен Достоинство ќе одржи конгрес за избор на претседател, потпретседатели и членови на раководните тела на партијата, а следните неколку месеци ќе изврши и ажурирање на своето членство. Сите издадени членски книшки престануваат да важат. Секој досегашен член кој е согласен со програмата и политиките може да го продолжи своето членство со пополнување на нова пристапница после што ќе добие нова членска книшка на политичката партија ДОСТОИНСТВО. Лица кои сакаат да се зачленат во ДОСТОИНСТВО можат да стапат во контакт со раководствата на локалните ограноци на ДОСТОИНСТВО.

„Една од основните заложби на ДОСТОИНСТВО е грижата за македонските Бранители кои учествуваа во одбрана на државата во 2001 година како и грижата за членовите на нивните семејства. Како помал коалиционен партнер на сега владеачкиот СДСМ, благодарение на разбирањето на кое наидуваме кај повеќето претставници на централната и локалната власт, ДОСТОИНСТВО досега успешно им помогна на повеќе македонски бранители. Затоа, во оваа прилика, ги повикувам сите македонски бранители од 2001-та кои имаат проблеми од било која област во надлежност на било кој државен орган, да остварат контакт со претставници на локалните или централното раководство на ДОСТОИНСТВО. Ние од ДОСТОИНСТВО ќе дадеме се од себе да им помогнеме на сите македонски бранители, без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност“, пишува Ангелов.

 

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе

Република Македонија треба да понуди законска можност за реализација на правото на приватен и семеен живот за истополовите партнери.

повеќе