РЕАКЦИЈА

Стојанче Ангелов, пред да се врати во МВР: Категорично НЕ за двојазични полициски униформи

Поранешниот полициски генерал и претседател на партијата Достоинство Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил напиша дека е против двојазични полициски униформи.

„Од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година полициските униформи се двојазични, напишани на кирилица на македонски јазик (полиција) и на латиница на англиски јазик (police). Не верувам дека во Македонија, дури и во најзафрлените планински села, постои човек кој не умее да го прочита и разбере зборот ПОЛИЦИЈА или зборот POLICE“, пишува Ангелов.

„Со предлог законот за јазици се предвидува униформата на македонската полиција да стане тројазична односно, покрај на македонски и англиски, истата да биде напишана и на албански јазик.

Од професионален полициски аспект исто како и од аспект на реалните потреби на македонските граѓани, не постои ниту една единствена, практична, но воедно и чесна причина кон Република Македонија, која го оправдува користењето на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција. Причините поради кои албанскиот политички фактор инсистира, а дел и уценува за користење на албанскиот јазик на униформите на македонската полиција се од сосема поинаква природа.

Mинатата недела Ангелов изјави дека ја прифатил понудата на премиерот Зоран Заев да се врати во МВР. 

Затоа, уште еднаш, категорично „НЕ“ за употреба на албанскиот јазик на униформата на македонската полиција“, напиша Ангелов.

Во Мексико, Индија и Турција, жените завршуваат трипати повеќе обврски поврзани со грижа од мажите.

повеќе

Сега свесно или несвесно се оди во друг правец, сведувајќи ја  партијата  на ниво на  дебатен клуб.

повеќе

Најчести места каде што може да се препознае (и шири) говорот на омраза на интернет се всушност онлајн медиумите кои дозволуваат простор за коментирање.

повеќе