лидерот на достоинство влегува во трка за шеф на државата

Стојанче Ангелов: Енергично и бескопромисно ќе се борам за националните интереси

Стојанче Ангелов, лидер на Достоинство, објави дека ќе се кандидира за претседател на Република Македонија на претстојните избори наредната година.

„Со сета почит кон досегашните претседатели, Глигоров, Трајковски, Црвенковски и Иванов, кои ја предводеа државата во тешки времиња, мене ми преостанува доколку бидам избран за претседател на државата, уште поенергично и бескомпромисно да се борам за националните интереси“, изјави Ангелов.

Достоинство, како што е познато, пред околу една недела ја напушти коалицијата со СДСМ и најави самостоен настап на изборите.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе