Стојанче Ангелов е за референдум за Договорот со Бугарија

Граѓаните имаат право преку референдум да се изјаснат за или против поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија. Проблемот со Бугарија е непосакуван проблем од којшто целата држава трпи огромна штета, изјави вечерва директорот на ЦУК и лидер на Достоинство, Стојанче Ангелов, во гостувањето во „Само вистина“ на ТВ Канал 5.

„Тоа е највисок облик на демократија на граѓаните и сметам дека на граѓаните треба да им се даде можноста да се изјаснат. Ја осудувам постапката на претседателот на Собранието Џафери, кој искористи правни лавиринти за да не дозволи референдум. За жал, и јас како претседател на Достоинство иницирав референдум со четири прашања и тогашниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски не ни дозволи. Принципиелно поддржувам какво било референдумско прашање“, рече Ангелов.

Според него, прашањето би било подобро кога би гласело „Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, без прифаќање на собраниските заклучоци....“.

„На тој начин, граѓаните можат да одберат дека сме за влез во ЕУ, но без тие понижувачки услови од овој модифициран француски предлог. Јас давам поддршка на кое било прашање“, додаде Ангелов.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе