„Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со ШИК Јелак во Тетово. Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија. Ова е скандал со кој на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ -Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој трговски центар на кој што од Дака е барано, како што раскажува, да има бензинска пумпа на влезот? Дака раскажува дека извесен Зоки бил кај него со жена за да „ВЦРТААТ“ бензинска пумпа и што ли уште не. Почитувани „вцртување“ е израз кој што го користат урбанисти кога се планира урбанистички план.
Затоа ли Дака финансирал референдум, требало да финансира избори, дал 300.000 евра, договорил бензинска пумпа, внимавајте доделува уште 2.000 квадрати од плацот на ШИК Јелак за кој се изгласува ДУП?
Заев призна дека бил мотиватор за носење на ДУП, а при консултации, нарачал ДУП-от за ШИК Јелак да мине на тетовскиот совет. А сето тоа откако во февруари истиот ДУП минал низ Владата.
ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички увид во предметите во ЈО.
Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара. Или мафијата или Македонија“, изјави Стоилковски.