ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Заев „вцртува“ бензинска пумпа во скандалот со ШИК Јелак

Зоран Заев нарачува гласање за Детален урбанистички план, тој е мотиватор за носење на ДУП, во февруари издејствувал согласност од Владата за ДУП, Зоран Зaев е „aлфа и oмега" во мега аферата ШИК Јелак-Тетово, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев вчера јавно призна дека стои зад сиот скандал со ШИК Јелак во Тетово. Заев останува недопирлив за овој корумпиран правен систем којшто сам го воспостави во Македонија. Ова е скандал со кој на контроверзниот балкански бизнисмен, а според многумина руски играч во регионот, Миодраг Давидовиќ -Дака, со пари од офшор фирма од Панама, добива огромен градежен имот во Тетово. Според ДУП-от предвидени се дури 27 станбени згради високи до седум ката и четири големи трговски единици, од кои една огромна. Можеби тоа е тој трговски центар на кој што од Дака е барано, како што раскажува, да има бензинска пумпа на влезот? Дака раскажува дека извесен Зоки бил кај него со жена за да „ВЦРТААТ“ бензинска пумпа и што ли уште не.  Почитувани „вцртување“ е израз кој што го користат урбанисти кога се планира урбанистички план.

Затоа ли Дака финансирал референдум, требало да финансира избори, дал 300.000 евра, договорил бензинска пумпа, внимавајте доделува уште 2.000 квадрати од плацот на ШИК Јелак за кој се изгласува ДУП?

Заев призна дека бил мотиватор за носење на ДУП, а при консултации, нарачал ДУП-от за ШИК Јелак да мине на тетовскиот совет. А сето тоа откако во февруари истиот ДУП минал низ Владата.

ЈО за организиран криминал мора да поведе истрага, а Зоран Заев мора да одговори за целиот скандал. Тоа што Заев јавно вели дека „нема докази“ не смее да биде појдовна точка за ЈО на Вилма Русковска, доколку навистина сака да остави впечаток дека не дозволува политички увид во предметите во ЈО.

Ова е сериозен криминал за кој врвот на мафијата на чело со Заев мора да одговара. Или мафијата или Македонија“, изјави Стоилковски.

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе