ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Заев молчи за новата семејна куќа во Грција и за фирмите во Бугарија

Повеќе од десет дена Заев молчи за семејната куќата на грчка плажа, купена со потпис на братучедот Бобан. Повеќе од десет дена Зоран Заев молчи за семејните фирми основани во Бугарија, кои сега се косопственици и акционери на фирмите во Македонија, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Уште повеќе. Зоран Заев, по дебаклот на корона изборите, среде најголемата политичка економска и здравствена криза- исчезна на одмор во непознат правец. И дури вчера се појави на фотографија, во обид да не убеди дека е во Македонија.

Е па Зоране Заев, кога веќе си тука во Македонија, редно е да одговориш- колку чини и дали ти стоиш зад купувањето на новата семејна куќа во Грција? Дали веднаш по изборите не замина во Грција на новиот имот на плажа, како велиш „Дома си е дома“?

Да потсетам, ова е дел од документот за куќата, со потпис на Бобан Заев, братучед на Зоран. Уште повеќе Зоране, редно е да кажеш, зошто со семејството отворате компании во Петрич, Благоевград и од таму станувате акционери и косопственици во сопствените фирми? Дали со тоа се планира сокривање на семејниот капитал и со тоа и сокривање на потеклото на сиот тој имот?

Зоран Заев должи одговор, како со чесна работа и плата се доаѓа до капитал вреден од 8,5 до 10 милиона евра, пет фирми во Бугарија и имоти во Грција? Притоа, имајќи го предвид судскиот документ за незаконско приклучување на струја?

За потсетување, Зоран и кланот Заеви во Бугарија веќе имаат најмалку 5 компании: „Ориент Груп“, „Гомасидра“, „Радиша Трејд“, а по отворањето на скандалот „Рекет“ во јавноста минатата година, ги отвораат и „Медикал 420 БГ“ и „Фарма ЕУ БГ“.

Ова се документите на двете последни компании со потписи на братучедите на Заеви, на иста адреса како и претходните, во Петрич, соседна Бугарија. И двете последни фирми, се јавуваат како косопственици на најмалку две фирми во Македонија, а во другите фирми се јавуваат како малцински акционери.

Зоран Заев не одговори ниту барем дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот имот и потеклото на имот на неговото семејство? А тие прозивки не само што заслужуваат, туку треба да се, и се, обврска на секој со јавна функција. Оттука Зоране, доста е молк. Доста е корупција. Доста е криминал“, рече Стоилковски.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе