ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Заев и Ангеловска да ги вратат парите од антикризните мерки исплатени за нивните фирми

Јавното обвинителство мора да се охрабри и да се стави над партискиот интерес на Зоран Заев. Toj, од позиција на премиер, и Нина Ангеловска од позиција на министеркa за финансии исплатиле антикризна помош за своите компании. Заев дал над 800 илјади денари државна антикризна помош за семејната компанија која врти милиони - Еленица, a Ангеловска си дала парична помош за својата фирма за интернет трговија Вебспот во висина од над половина милион денари, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на партијата.

„И двајцата од позиција на функционери во владата, дале на свои приватни фирми пари од државниот Буџет. Заев е повторно премиер, а Ангеловска не се најде на листата на министри, но тоа не ја аболицира од одговорност за сторените неправилности за време на вршењето на функцијата.

Имаме основано сомневање дека во случајот е извршено кривичното дело – злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 од Кривичниот законик со што е сторена штета на средствата од Буџетот на Република Македонија, што се казнува со казна затвор од најмалку 4 години.

Го повикуваме ЈО да го истражи случајот и во најбрз можен рок да изврши дејства во насока на враќање на парите кај граѓаните.

Недозволиво е да се мешаат јавниот и приватниот интерес и премиерот и министерот за финансии да си делат пари од буџетот со кој треба да управуваат, во интерес на целата држава и народ.

Ниту Зоран Заев, ниту Нина Ангеловска не смеат да ги користат парите на граѓаните за помагање на фирмите во кои тие или членови на нивното потесно семејство се сопственици. Оттука ги повикуваме Зоран Заев и Нина Ангеловска во најбрз можен рок да ги вратат парите, и да не чекаат евентуална судска постапка, со што штетата врз буџетот би била уште поголема, а ЈО го повикуваме да отвори постапка со цел казнување на ова недозволиво работење на штета на народот“, изјави Стоилковски.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе