Стоилковски: За само 2 години преполовен е бројот на исправни возови и локомотиви

„Го видовте Зоран Заев и неговите ветувања. Вели во првите две години комплетно ќе го обновел и развиел железничкиот сообраќај, па ветува пруги, линии, возови, транспорт до секое село, исто како со 600-те км автопати, така поминува и ова ветување. Поминаа повеќе од две години владеење на Зоран Заев а железничкиот сообраќај во државата за жал е во тотален колапс, изјави денес Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Железничкиот превоз е небезбеден. Наместо ветените посигурен и побрз железнички транспорт, за жал зголемен е бројот на железнички несреќи. Се почести се незгодите на патните премини, се почести се исклизнувањата на локомотивите и на вагоните од пругите. Вчера се случи една од досега најголемите железнички несреќи во нашата држава, во која за голема среќа немаше жртви, но се предизвика огромна материјална штета. Се поставува прашањето, што ако на местото на товарниот воз беше патнички воз полн со патници? Колкава ли ќе беше трагедијата? Но дали некој ќе ја преземеше одгворноста? Кој ќе ја преземе одговорноста за цунамито во железничкиот сектор во Република Македонија“, прашува Стоилковски.

Стоилковски тврди и дека е преполовен бројот на исправни возови и локомотиви.

„Секојдневно се намалува расположливоста на локомотивите и патничките возови, а со тоа се доведува во прашање и безбедноста на железничкиот сообраќај. За само 2 години преполовен е бројот на исправни возови и локомотиви. Во овој момент целиот патнички железнички сообраќај го вршат новите возови кој што беа набавени од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Застоите на товарниот железнички сообраќај се сериозен проблем за тековното работење на компаниите-корисници на железнички услуги, што негативно се одразува на економијата во целина. А негативно се одразува и на работењето на двете железнички претпријатија МЖ Транспорт АД и ЈП МЖ Инфраструктура кои што нижат милионски загуби, а тука е ФШВ Колска Велес на чии вработени им се должат дури 5 плати“, истакнува Стоилковски.

 

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе