Изјава од ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Во која држава бегалец завршува во куќен притвор?

Пред седиштето на СДСМ портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека е очигледно дека постои договор меѓу Сашо Мијалков и Зоран Заев, инаку „бегалецот од правдата не би завршил во куќен притвор“.

„Во која земја бегалец од правдата, откако е фатен завршува во куќен притвор? И сам се шета пред медиуми. Ова укажува на можен договор меѓу Заев и Мијалков. Па затоа ли Заев за Милјаков озвозможува екстра услови и екстра третман. Ова е класичен циркус и исмејување на правната држава и владеењето на правото, но пред сѐ потценување на интелегенцијата на јавноста", изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски пред седиштето на СДСМ, нарекувајќи го седиште на криминалот.

Тој нагласи дека системот за кој што самиот Оливер Спасовски говореше дека не функционира, „всушност е нивната власт, а тоа е така затоа што власта на Заев целиот систем го впрегнала во заштита, компромис и пазарење со криминалот".

Според него, станува збор за договор.

„За да го пуштат, па анекс договор за да дојде. Поради силните и бурни реакции на граѓаните и надворешни фактори мораа да отстапат од планот. Впрочем затоа Заев, како што и сам брифираше, вчера викал судии, обвинители кај себе во кабинетот. Тоа значи Заев сам се легитимираше како врвот на пирамидата на мафијата и координатор на пазарењето со правдата кој под контрола ги чува обвинителите и судиите. Смешни се во обидот ова да го оправдаат. Поради ваквата коалиција на Заев со криминалот, младите ја напуштаат државата, не гледаат перспектива и иднина. Поради коалицијата власт-криминал државата тоне и се уништива. Но овој циркус покажа дека нервозата и паниката растат во СДСМ и ќе кулминираат во моментот кога ќе заминат од власт", изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе