Стоилковски: Во кое својство Спасовски го однесе Заев на средба со Вселенскиот Патријарх

Во кое својство Оливер Спасовски го однесе партискиот лидер Зоран Заев на средба со Вселенскиот Патријарх г.г.Вартоломеј, во седиштето на Цариградската патријаршија во Истанбул, праша денеска портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. 

„Страховладата на СДСМ целосно се потчинува на Зоран Заев и се однесува како воопшто да нема техничка влада и технички премиер за спроведување на фер и демократски изборен процес. 

Поканата од Вселенскиот патријарх се однесува на премиерот како политичка функција, а не лично до Зоран Заев. Оттука Оливер Спасовски мора да одговори кој раководи со владата, тој или Зоран Заев? Владата пак мора да одговори, зошто во владините соопштенија се наведува Зоран Заев, односно во која функција Заев е дел од владина делегација? Притоа Владата мора да одговори кој ги сноси трошоците за посетата на Заев во Истанбул”, рече Стоилковски.

Според него, другото прашање на кое бара одговор од Заев и Спасовски е дали му кажале на Вартоломеј за разговорот со лажниот Порошенко, и кој е ставот на Вселенскиот патријарх за намерата на Заев да даде мито од 100 до 150 илјади евра за да Вартоломеј го покрене процесот за афтокефалност на МПЦ.

 

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе