Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски

Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и  украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп, изјави Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев.

Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.

Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.

Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот.

Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие“, истакна Стоилковски.

 

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе

Ако денес направиме една историска книжевна паралела, драмското дело на Стефановски ќе го квалификуваме како антологиски бисер, кого и сегашните и идните генерации ќе го чуваат како неодминлив столб на целокупната македонска драмска литература.

повеќе