Стоилковски: ВМРО-ДПМНЕ бара Јовески да замине од функцијата јавен обвинител

ВМРО-ДПМНЕ денеска побара јавниот обвинител Љубомир Јовески да си замине од функцијата, бидејќи со месеци наназад не постапувал по поднесените пријави од партијата, ниту пак, информирал зошто не ги процесуира пријавите и зошто не отвора истрага. 

„Образложение нема и останува да се нагаѓа дали ваквата инертност е заради немањето капацитет или заради тоа што и Јавното обвинителство е во спрега со власта уценето од незаконски снимените разговори на јавните обвинители, скандал кој намерно не останува расветлен.

Организирана група за загрозување на уставниот поредок, демонстрираше самоволие со кое во ‘Службен Весник’ се објави Закон без потпис од Претседателот на државата. На противзаконски начин во правниот систем се вметна Закон кој е спротивен на Уставот, а Републичкиот Јавен обвинител сето тоа го гледа и не реагира. Јовески е Републичкиот Јавен обвинител кој што мора да си замине”, изјави на прес-конференција партискиот портпарол Наум Стоилковски.

Тој информираше дека за неколку месеци ВМРО-ДПМНЕ има поднесено 6 кривични пријави против власта за насилство против Уставот и законите, за потпишувањето и ратификацијата на Договорот од Преспа, за избирачки нерегуларности против избирачки одбори, за поткуп во изборни цели, сега за објавување на законот за јазици во „Службен Весник“ без потребните потписи, а особено без потписот од Претседателот на државата. 

Свесно и намерно, вели Стоилковски, Јовески со непостапување, прави тешки злоупотреби на службената положба и овластување. „Тоа е класична злоупотреба на службена должност од Љубомир Јовески, казнива согласно член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија, а со оглед на тежината на делото и нанесените огромни штети на Република Македонија, ставот 5 од членот 353 предвидува затворска казна од најмалку 5 години.

Доколку Јовески продолжи да молчи, Обвинителите од Основното Јавно обвинителство не смее да чекаат, мора да се одважат и да отпочнат постапки”, рече Стоилковски.

 

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе