ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Спасовски и Заев му дале почести, полициско обезбедување и возила на криминалецот Седат Пекер

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи му даде полициско обезбедување и возила на Седат Пекер. Полициско обезбедување и возила за  турскиот криминалец при неговиот престој во Македонија. Спасовски наместо да апси криминалци, тој им дава полициска заштита. Седат Пекер е лице кое се бара со потерница во Турција, добро познат на полициите ширум светот и Интерпол, а во Македонија од Владата на Заев доби најголеми почести, полициско обезбедување, возила, и средби со функционери на власта, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Седат Пекер, еден од криминалците на кој им биле издадени македонски документи, сам кажува дека бил на гости дома кај Зоран Заев. Попусти се обидите на Заев и на Спасовски да се вадат. За добивање на полициско обезбедување не одлучуваат службениците од пасошко кои ги наместија да преземат вина, туку началникот на шестата управа, директорот на БЈБ, и Оливер Спасовски како министер кој што мора да биде известен.

Зошто МВР и Спасовски му дале обезбедување на Седат Пекер? Дали за тоа влијаела неговата дружба со Заев? Што правела АНБ и зошто не известила за каков криминалец станува збор? Доколку известила зошто известувањето или предупредување не е испочитувано?

Ова се многу сериозни прашања на кои Спасовски и Заев мора да одговорат. Не знам дали се свесни, но и да не одговорат денес, ден за одговори и одговорност ќе има. Злоупотребата на полицијата за заштита на криминалци нема да остане неказнета“, изјави Стоилковски.

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе