ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Со што се пазарел Заев во Тетово?

СДСМ не смогна храброст да побараат одговор од Зоран Заев на прозивките за средбата во Тетово кадешто за политичка поддршка договарал политичко редефинирање и исцртување на нови граници, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

„Ова е сериозна тема, ова се пресериозни прашања за коишто мора да има одговор. Без одговор уште посериозни се сомнежите дека и одржувањето попис вон европските стандарди е дел од политичкиот пазар за опстојување на Зоран Заев на власт. Во насока на средбата во Тетово за којашто нема одговор од Заев, се надоврзува и фактот, дека Република Македонија повторно остана без преговори за членство во ЕУ, а вицепремиерот се закани дека во таков случај постои опасност државата да се распадне. По таа негова изјава, почнаа да се шират и идеи за отворање на пат за создавање на федерализација на Македонија и на Косово за да се формира федерална унија со Албанија, а сето како последица на неотпочнувањето на преговори за ЕУ.“ И наместо суштински одговори и одговорност од Заев и неговиот заменик Бујар Османи, наместо суштински реформи и одговорност за изостанувањето на почетокот на преговори што може да предизвикаат сериозни последици, Зоран Заев се посветува на се поголемо деспотство во партијата во насока на политичкиот пазар за опстојување на власт“, истакна Стоилковски.

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе