Афера Шпанско село 2

Стоилковски со нови обвинувања за плацот на Водно, Филипче најавува можна тужба

Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска на конференција за медиуми продолжи да изнесува податоци за наводната злоупотреба при купувањето на плацевите на Водна од семејството на министерот за здравство Венко Филипче. Овој, пак, денеска изјави дека неговиот праг на толеранција е висок, но дека веќе можно и да поднесе и тужба за клевета.

„Документите кои што се јавно достапни јасно укажуваат дека само со хибриден режим е можно семејство на министер, директор на државна Клиника и приватна фирма која што инкасира речиси 8 милиони евра од министерството можат заедно да имаат имот и да градат 5 касарни на Водно и за тоа ниту една државна институција да не реагира.

Од сите купопродажни договори се гледа дека инвеститорите купуваат ниви по цени од 10 до 25 евра по м2, иако за селото Нерези уште во 2014 година е донесен општ акт за село и согласно член 12 од Законот за просторно и урбанистичко планирање „Катастарската парцела претставува градежна парцела“, па оттаму уште од 2014 година ова земјиште е градежно земјиште. Имајќи ја предвид купопродажната цена од договорите за купување на имотите, на плацевите дел од Шпанско село 2, се отвора сомневање дали постои измама, пред сѐ на продавачите на парцелите кои потоа партнерски се купуваат, но и на даночното одделение на град Скопје, каде што се пријавува имот како ниви иако знаеле за урбанистичкиот план, а потоа и во 2017 година и сами финансирале АУП во кој што се нацртани 5-те касарни наречени од народот?

Пазарната цена на градежното земјиште кои сами си ја утврдиле во договорот за физичка делба на една катастарска парцела е 60 евра или од 100 до 150% поголема од онаа во договорите за купопродажба!                Вистинската пак пазарна цена може да се види од официјалниот државен регистер на цени кој што го води Агенцијата за катастар на недвижности. Видно е дека цената за 1 м2 градежно земјиште во Нерези во делот каде што и е Шпанско село 2 достигнува до 115 евра за 1 м2.

 Значи можно ли е земјиште да е купено и да е платен данок за цена од 10 до 25 евра за м2 додека пазарната вредност достигнува 115 евра за м2?

За колку пари согласно тоа се оштетени поранешните сопственици на овие парцели? За колку пари е оштетен Буџетот на град Скопје и Буџетот на општина Карпош по основ на данок на промет на недвижности? Ќе сноси ли некој одговорност и за тоа? Постои ли уште некој близок до министерот Венко Филипче што има имот на Водно во близина или во склоп на Шпанско село 2“, изјави Стоилковски.

Министерот Филипче и денеска повтори дека се работи за класични лажни вести и обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, но овојпат додаде дека е можно да поднесе тужба.

„Тоа се класични лажни вести. Ништо од тоа не е вистина, ниту дека имам некаков имот, ниту дека некој фигурира како сопственик. Навистина го поминаа мојот голем праг на толеранција и ќе мора да ја разгледам можноста да поднесам тужба“, рече Филипче на денешната прес-конференција.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе