ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: Што точно правел Костадинов на забавите кај Боки 13?

Мотивот на Заев за заштита на криминалот од „Рекет“ го знаеме. Сомнежите се дека тој и неговите структури се силно вплеткани во оваа криминална - октопод мрежа која што тој сака да ја заштити. Но, постои и дополнителен мотив, по сѐ изгледа личен мотив кај портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов за така отворено да лаже и да манипулира за овој случај, изјави денеска Наум Стоилковски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ пред седиштето на СДСМ.

„Освен можен финансиски бенефит во прашање е морален хазард. Затоа прашуваме: Дали има, и доколку има нека одговори какви сѐфотографии, материјали и тонски записи постојат од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во еден од телефоните на осомничените во случајот „Рекет“? Зошто Костадин Костадинов е толку исплашен од неговиот довчерашен најдобар пријател Бојан Јовановски? Дали е точно дека има инкриминирачки материјали на Костадинов снимени во странство? Дали на овие материјали освен овие двајца се вклучени и други лица, политичари со потекло од една странска земја?

Дали е точно дека Костадинов е и чест посетител на скапите, развратни забави организирани од еден од осомничените во „Рекет“, пред неколку месеци во два големи града во една соседна држава?

Дали Костадинов на овие луксузни забави трошел и народни пари?

Ако ова е точно тогаш нека одговори Костадинов што точно правел на тие забави со Бојан Јовановски?

Ако стравот на Заев е дознавањето на адресата каде е однесен куферот со пари, дали стравот на Костадин Костадинов е дознавањето за инкриминирачките материјали со неморална содржина најдени во телефонот на еден од осомничените за случајот „Рекет“? Дали стравот кај Костадинов е дознавањето за неговиот неморален карактер? Дали СДСМ е партија која што е претворена во дувло на развратот во изминативе неколку години?

Дали Костадинов го дели истиот став како и Зоран Заев за Бојан Јовановски кажан при неговата изјава“, праша Стоилковски.  

 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе