Стоилковски: Шилегов продолжува со злоупотреба на службената положба

„Петре Шилегов продолжува со злоупотребата на службената положба и овластување кои што ги има како градоначалник на Град Скопје. И денес без прекин продолжува градбата в долж булеварот АСНОМ, во Скопје, без документација и дозвола за градење, без истакната табла на која што треба да има имињата на инвеститорот изведувачот и надзорот на градежните работи иако минаа десет дена по поднесената кривична пријава од страна на ВМРО-ДПМНЕ за тоа, изјави денес Наум Стоилковски“, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Шилегов за потсетување на 24-ти април, среде изборна кампања, во изборни цели, односно во насока на поткуп на неопределен број гласачи во Скопје, преку медиумите соопшти дека започнува градба на булеварот, како прва фаза од градење на мост преку реката Вардар. Шилегов со истиот факт, дека започнати се градежни работи, се пофали и преку социјалните медиуми поткрепено и со фотографии и со видео. Оваа прва фаза според пресметките чини 50 милиони денари. Односно, толкава е првичната вредност на злоупотребата согласно членовите 353 од Казнениот Законик, потоа бесправно градење член 244 од истиот Законик и секако поткуп при избори и гласање член 162 од Казнениот Законик“, истакна Стоилковски.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Јавното обвинителство да превземе соодветни мерки.

„Бидејќи нема никакво известување од Јавното обвинителство, јавно прашуваме дали е постапено по барањето наведено во Кривичната пријава, барање Јавниот обвинител да постапи согласно овластувањата и да направи увид за да ја утврди фактичката состојба на градежните работи на булевар АСНОМ и да направи увид во градежната документација која ја поседуваат Град Скопје и Петре Шилегов? Укажавме и повторно укажуваме и предупредуваме дека доколку Обвинителството не го стори тоа на време, остава можност и му овозможува на Шилегов да ги прикрие трагите и доказите и кривичното дело да мине неказнето. Со тоа обвинителството наместо бранител на правдата, бранител на граѓаните, станува соучесник во изградба на дивоградба“, истакна Стоилковски.

 

 

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе