Предвремени парламентарни избори

Стоилковски: Шекеринска да каже што барала во домот на Боки-13 заедно со Јанева

Радмила Шекеринска по објавеното видео снимено во домот на Боки 13 сѐ уште молчи и бесрамно си тера кампања. Шекеринска мора да одговори, кога била во домот на Боки 13 и што договарале со Катица Јанева и Бојан Јовановски, двајцата осудени за случајот „Рекет“, изјави денеска Наум Стоилковски,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

„Што тоа на оваа средба било тема за разговор помеѓу Радмила Шекеринска, Катица Јанева и Бојан Јовановска? Јасно се слуша како Радмила Шекеринска им вели „Јас мислам дека...“? Што е тоа што споделува Шекеринска и на Јанева и на Јовановски им вели „Јас мислам дека...“. Тоа е одговорот што го должи Радмила Шекеринска. Што бара вториот функционер на СДСМ заедно со Катица Јанева во домот на сопственик на ТВ? Што бара министер за одбрана со двајцата осудени како извршители на најголемиот рекетарски, државно спонзориран криминал.

Шекеринска мора да одговори зошто постојано со месеци ги негираше посетите на домот на Боки 13 и ваквите средби како оваа за која што е пуштена видео снимка на која што седи заедно со специјалниот јавен обвинител и сопственик на ТВ и со нив договара и споделува размисли?

Ова се сериозни прашања, за кои што Шекеринска мора да одговори, особено што случајот „Рекет“ во јавноста сѐ уште има дилеми и остана неразрешен до крај.

Ниту се земени предвид кажувањата на сега осудените, ниту се вештачени снимките од безбедносните камери, ниту се вештачени телефоните, ниту е земена предвид изјавата „барајте ги парите кај Зоран и Вице Заеви“.

Што тоа кријат Шекеринска, Заев и нивните марионети во обвинителството Јовески и Русковска? Ова видео е само уште едно во низата докази за спрегата на СДСМ, власта и рекетарското злосторничко здружение. Ова е директен доказ за трас-трас Луј Витон правосудството во Република Македонија раководено од СДСМ и Зоран Заев. Македонија повеќе не може да издржи компромиси со криминалот“, изјави Стоилковски.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе