ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: СДСМ и ДУИ продолжат да се справуваат со дивоградбите и на Матка

Ако СДСМ и ДУИ навистина решиле да се справуваат со дивоградбите на своја рака со багери, нека повелат и тука на Матка, да го решат срамниот случај со дивоизградените објекти-платформи во езерото. Велам на своја рака затоа што ниту ги имаат преземено ингеренциите од локалната самоуправа на пример во Чаир за Мавровка, ниту пак за таму имаат елаборат за рушење, изјави денеска Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фарса и евтин крими театар! Доколку Заев и ДУИ решиле дека со евтин крими театар се лаже државата дека се спроведува закон и дека има правна држава, нека го покажат тоа на дело и тука. Зад мене се објектите на Матка изградени пред година или две, и кои што градоначалникот Блерим Беџети ете не ги руши, и се закани со распишување референдум доколку му се одземат ингеренциите.

Чудно е што градоначалникот на Скопје Шилегов велеше дека нема ингеренции за рушење на дивоградби, па откако се изградија и настапи фарсата во Мавровка се појави за собирање на политички поени.

Се сеќавате дека заради овие платформи зад мене на Матка Заев дозволи антикорупциска да побара обвинителски предмет од антикорупционерите за градоначалникот на Сарај. Градоначалникот потоа јавно проговори за барањата на Заев од него да влијае во судството, па обвинителството потоа ја одби кривичната пријава од антикорупционерите. Крими театар, ама платформите сѐуште стојат.

Оттука и прашањето, дали Заев стои зад оставањето на раат и на овие дивоградби, или сеќавањата на градоначалникот нема да го спречат Заев, ниту пак Ахмети, да ги пушти багерите и на Матка“, рече Стоилковски.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе